Соопштение за јавност
Почитувани,
СДСМ очекува АВМУ да ја санкционира телевизија ТВ Сител за лаги, необјективност, манипулации со информации, тенденциозност со сериозни последици.
Конструираниот прилог со наслов “Дали во позадина на сценаристот за дестабилизација е план за федерализација на Македонија“ не нанесува штета само на политичка партија
поради несовесните инсинуации.
Овој прилогот подгрева и меѓуетнички тензии, поради што СДСМ достави соодветен приговор до АВМУ.
Агенцијата за аудио и аудио визуелни уметности е должна да постапи, да го констатира наведеното и соодветно да ги санкционира сите надлежни во ТВ Сител кои дозволиле ваков прилог да се емитува во централниот Дневник на телевизијата со национална концесија.
Предупредуваме дека не постапувањето од АВМУ до овој момент е соучество во законски прекршувања и сериозни противуставни дела, за што доколку е потребно ќе бидат преземени и други мерки согласно законите и Уставот во Македонија.
СДСМ достави приговор и до Советот за етика за непрофесионалното, еднострано и тенденциозно информирање од страна на ТВ Сител во посочениот прилог.
Граѓаните знаат дека во Програмата на СДСМ еден од 5-те столбови е Македонија – едно општество за сите.
Сценаристот на мрачните сценарија на раздор и расцеп Никола Груевски, со нарачките не може да го спречи заедништвото на народот кој е на нозе и меѓу него и Македонија, ја избира Македонија.
23.04.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА