Соопштение за јавност
Поминаа две недели откако во британските медиуми изби скандалот дека ВМРО-ДПМНЕ договара прифаќање мигранти во Македонија, а досега нема ниту еден став од ЗНАМ за оваа тема.
Молчат. Не кажуваат ниту збор. И за Резолуцијата не се произнесоа, исто како и нивниот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ.
Но, вчера видовме реакција на ЗНАМ за изјави на Милошоски.
Ова е толку провидно сценарио – измислен судир меѓу ЗНАМ и ДПМНЕ, само за да се побегне од темата со мигрантите. Класичен дефокус: отворање неважни и вештачки наметнати теми во јавноста, додека зад грб се носат мигранти за пари во Македонија.
Зошто се случува сето ова?
Затоа што нема пари во буџетот. Нема пари за плати, пензии, социјална помош, поврат на ДДВ, па дури и трезорот се затвора порано.
Финансискиот систем е пред колапс. Зошто? Поради тендерските шеми и семејните бизниси со кои се пумпаат пари од граѓаните. Исто како во времето на Никола Груевски.
Сè ова е смислено, намерно да се влезе во некаков конфликт, за утре полесно да можат да распишат избори, по терк на Орбан и Вучиќ. Ништо не е случајно – тие знаат дека во јуни следуваат мигрантите.
Сите кои се во договор со ВМРО-ДПМНЕ за мигрантите, се во договор за предавство на Македонија – за пари.
Да ја одбраниме Македонија. Борбата продолжува! Нема да ви поминат предавствата!




