Денеска СДСМ целосно ги разоткри кујните на ВМРО-ДПМНЕ за лаги, лажни вести и манипулации со кои системски се одвлекува вниманието на јавноста.
Секогаш кога власта е фатена во криминал и скандали, како договорот за мигранти за пари, се активира организирана медиумска машинерија за дефокус и извртување на вистината.
Во изминатите две недели доминантни беа три теми: антикорупциските бомби на СДСМ, договорот за мигранти и нападот врз новинарите на Инфомакс.
Додека професионалните медиуми известуваа балансирано, медиумските инсталации на ДПМНЕ целосно ги игнорираа ставовите на СДСМ и негативните вести за власта.
Само десет минути по прес-конференцијата на претседателот Филипче започна координирана кампања со копи-пејст текстови полни со лаги и навреди.
Ниту збор не беше објавен за суштината на пресот, за мигрантите, за Резолуцијата или за осудата на нападот врз новинарите.
Ова е стар, препознатлив модел од времето на Груевски – лажни вести, манипулации и притисок врз медиумите, со цел да се сокрие вистината од граѓаните.
Графиконите покажуваат се!






