Предавството на Македонија во живо, во Собранието

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Резолуцијата на СДСМ не беше предадена во Собранието затоа што ДПМНЕ не сакаше да прифати ниту да се разговара, ниту да се поднесе.

Наместо да разговараме тие се закануваа со тужби.

Не сакаа да се отвори дискусија во македонското Собрание, меѓу претставниците на народот – пратениците на кои граѓаните им дале мандат да ги застапуваат пред највисокиот орган на државата.

Наместо тоа, прво предложија темата да се префрли на општините, кои немаат никаква надлежност за вакво национално прашање. Не сакаа јавна расправа затоа што немаат аргументи против вистината.

Од самиот почеток бевме транспарентни и конструктивни.

Граѓаните ја видоа нашата Резолуција, јавно ја објавивме и со денови повикувавме заеднички да ја поднесеме и да ја потпишеме.

Токму тоа им пречеше. Нашиот последен обид беше денес во Собранието.

Не ни дозволија да зборуваме за нашата предлог-Резолуција, премиерот и министрите побегнаа од пратеничките прашања, побеганаа од вистината и од дебата за Резолуцијата.

Поради тоа, во знак на протест, нашите пратеници ја напуштија седницата. Нема да учествуваме во предавството.

СДСМ нема да им биде прекривка за најголемото предавство на Македонија, пари за мигранти.

Нека си ја потпишат предавничката политика сами, заедно со колаборантите од ЗНАМ – за пари.

Со денови зборуваме за ова. Цел ден дефокус со вести, што јасно го покажавме преку нашата акција „Разоткривање“. Прават сè само за да ја сокријат ВИСТИНАТА.

А вистината е следна: не сакаат да ја потпишат Резолуцијата, сакаат своја контра-резолуција. На граѓаните сега им е кристално јасно зошто.

Имаме избори и имаме мигранти за пари. Повеќе не е потребно никакво дополнително објаснување.

Почитувани граѓани, сите сите вие сега сведоци на предавството на Македонија, мигранти за пари.

Заедо ќе се бориме. Нема да им помине.

Борбата допрва продолжува.