Соопштение за јавност
Граѓаните во живо го видоа предавството на Македонија во Собранието.
Премиерот Мицкоски и министрите побегнаа од пратеничките прашања, побегнаа од вистината, побегнаа од дебата за Резолуцијата на СДСМ со која се затвора прашањето за мигранти во Македонија.
Премиерот Мицкоски еден ден порано отиде за Брисел? Зошто, за да побегне од пратеничките прашања.
Откако избега премиерот, побегнаа и неговите министри.
Затоа, во знак на протест, пратениците на СДСМ ја напуштија седницата.
ДПМНЕ свесно побегна од дискусија во највисокиот законодавен дом, меѓу избраните претставници на народот – пратениците, на кои граѓаните им дале мандат да одлучуваат за најважните национални прашања.
Резолуцијата на СДСМ не беше поднесена, ДПМНЕ не дозволи ниту дебата, ниту разговор, секако ниту гласање.
СДСМ нема да учествува во најголемото национално предавство – мигранти за пари.
Нека си ја потпишат таа предавничка политика сами, заедно со колаборантите од ЗНАМ и нека си ја гласаат во Собранието.
Знаат што ги чека откако ќе потпишат, затоа што потпишувата предавство на Македонија.
Сега веќе на сите им е јасно, планот е избори а потоа мигранти во Македонија, за пари.
СДСМ заедно со граѓаните ќе ги искористи сите демократски механизми и ќе се спротистави на ова ова национално и државно предавство.
Ова нема да им помине.
Борбата за Македонија продолжува!



