Соопштение за јавност
Креаторот на длабоката државна криза во земјава, Никола Груевски, е нарачателот на одлуката на Ѓорге Иванов, со којашто се погазија уставот и законите во Република Македонија.
За да се заштити себе си и криминалната банда околу него, Никола Груевски нарача, а Иванов спроведе државен удар.
ВМРО-ДПМНЕ не ја потпиша иницијативата за одговорност и разрешување на Иванов со што потврди дека станува збор за договорена и смислена акција по нарачка на Никола Груевски.
Брзината на постапувањето, објавувањето на одлуките во Службен весник, брзото ослободување на лица од притвор, само неколку часа по скандалозната прес конференција на Ѓорге Иванов, е уште еден доказ за тоа.
Граѓаните знаат кој управува со Иванов и зошто на нелегитимни, криминални избори е поставен.
На сите им е јасно, Никола Груевски и Ѓорге Иванов се дел од злосторничкото здружување против Република Македонија.
Тоа Никола Груевски денеска директно го потврди со тоа што не ја одби аболицијата од Иванов.
Македонија нема да дозволи да биде срушена.
Граѓаните се обединија против Никола Груевски и злосторничкото здружение. Граѓаните се кренаа на нозе и јасно ставија на знаење дека нема да бидат заложници на криминална банда на чело со Никола Груевски.
Само заминување на криминалната банда и одговорност на сите што учествувале во криминал и корупција може да ја ослободи Македонија.
Целиот демократски свет во Македонија, на чело со Зоран Заев, заедно со граѓаните, ќе се избори за враќање на уставниот поредок и државноста на Република Македонија.
Ќе се избориме за враќање на слободата и демократијата.
Заедно, за слободна Македонија!
Или Груевски или Македонија!
Изборот е Македонија!
14.04.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА