Соопштение за јавност
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска потврди дека изградбата на брзата желеница од Србија до Грција во Македонија е дел од договорот со Британија.
Ова е уште една потврда дека договорите за распродажба на Македонија преку мигранти за пари се реалност.
Зошто? Бидејќи кредит од Британија од 6 милијарди е врзан со мигранти, како што објавија сите релевантни британски медиуми.
Секој ден нов доказ, секој ден нова потврда, она што СДСМ го зборува се потврдува.
Затоа и го направија предавството во Собранието со контра Резолуцијата.
Веќе се е јасно, мигрантите ги кријат зад термини како ‘економски работници’. Сценариото е избори, па мигранти за пари.
На ова предавство на Македонија, на овие криминални политики граѓаните ќе им стават крај.
Борбата започна и нема да престане. Сите ќе одговарате!


