Трајко Велјаноски лаже.
Трајко Велјаноски може и мора да свика седница за покренување постапка за утврдување на одговорност на Ѓорѓe Иванов.
Ѓорге Иванов со неговата одлука за заштита на криминалците од власта за кои СЈО има отворено истраги, ги погази Уставот, законите и достоинството на граѓаните, што е државен удар.
Ударот врз правниот поредок од страна на Ѓорге Иванов е сериозна потреба за свикување на Собранието.
Велјаноски по којзнае кој пат ги крши надлежностите, Уставот, законите, Деловникот, со што само го потврдува тоа што јавноста го знае, дека и тој е дел од злосторничкото здружување против Македонија.
Мандатот на пратениците, според член 15 од Изборниот законик трае до денот на верификација на мандатот на новоизбраните пратеници, а согласно Уставот Собранието е во постојано заседание.
Трајко Велјаноски не може да ја спаси криминалната банда на Груевски.
Велјаноски напразно се надева дека одлуката на Иванов може да го спаси и него од одговорност за тоа што ги кршеше Уставот и законите за време на неговите мандати.
Затоа Велјаноски бега од закажување седница за разрешување на Иванов.
Криминалната банда којашто не сака да ги врати кај граѓаните украдените пари не може да избега од правдата со одлуката на Иванов, ниту со помошта на Велјаноски, кои се нивни соучесници.
Криминалците ќе одговараат за криминалот.
Ќе одговараат и соработниците.
СДСМ заедно со граѓаните ја враќа правдата и слободата во Република Македонија.
Помеѓу Груевски и Македонија, граѓаните избираат Македонија.
13.04.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА