Соопштение за јавност
Донесената предавничка Резолуција на ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието освен што е предавство на Македонија е невидена и скандалозна.
Власта на Мицкоски ја гуши демократијата, слободата на говор, мислење и политичко дејствување.
Ова е притисок, заплашување и обид за замолчување на опозицијата.
Кога парламентот носи резолуција против опозицијата, тогаш државата престанува да биде демократска и влегува во авторитаризам.
Режим 2.0. На местото на Груевизмот дојде Мицковизмот.
Директен удар врз парламентарната демократија и создавање опасен преседан кој го поларизира општеството и ја заменува демократската дебата со политичко етикетирање.
ДПМНЕ и ЗНАМ сакаат:
• Да ѝ го забранат работењето на опозицијата,
• Да воведат едноумие,
• Да создадат еднопартиска држава,
• И да ја згаснат слободата на говор.
Ова е сценарио веќе видено кај нас ама и во регионот. Истата матрица, истата реторика, истите закани, од времето на Груевски а моментално тоа го прави Вучиќ во Србија.
Во демократија, одговорноста е индивидуална, има име и презиме. Не постои колективна вина, ниту резолуции за замолчување на опозицијата.
Ваква срамна Резолуција претставува сериозна закана за демократијата, грубо непочитување на човековите права и директен удар врз уставниот поредок.
Затоа, мора да реагира целата меѓународната демократска јавност, сите релевантните светски институции.
Со вакви чекори, Македонија се претвора во црна точка на Европа.
СДСМ нема да молчи. СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата.
Борбата за слобода на говор, плурализам и демократска држава продолжува.


