Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска во Брисел, учествуваше на состанокот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) што се одржа пред состанокот на Европскиот совет, на кој што присуствуваше претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта и лидерите на социјалдемократските и прогресивните партии од регионот и Европа.
По средбата претседателот Филипче даде изјава за медиуми, која ја пренесуваме интегрално:
Почитувани граѓани,
Ви се обраќам од Брисел, затоа што борбата за слободата и демократијата во Македонија бараат акција и заедничко дејствување.
Донесената срамна Резолуција на ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието е директен удар врз демократијата, слободата на говор, мислењето и политичкото дејствување.
Кога парламент носи неуставна резолуција, против опозицијата, тогаш државата престанува да биде демократска и влегува во авторитаризам. Во режим.
Власта сака да ја замолчи и да ја забрани работата на опозицијата, да создаде еднопартиска држава и да ја згасне слободата на говор.
СДСМ тоа нема да го дозволи, ќе ја одбраниме слободата и демократијата.
Овде, во Брисел, ќе побарам поддршка од цела Европа, од сите прогресивни и демократски сили, од сестринските социјалистички и социјалдемократски партии.
Македонија мора да биде слободна, демократска и европска држава.
Време е за формирање единствен граѓански фронт – фронт за правда, слобода и демократијата.
Фронт во кој сите, без разлика на партиска, етничка или идеолошка припадност, ќе застанеме како еден во одбрана на демократијата, слободата на говорот и мислењето, и во одбрана на Македонија.
Да ја одбраниме Македонија. Да ја одбраниме демократијата!
















