fbpx

Допис до Емил Димитриев: Направивте хаос и ја продлабочивте кризата!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Допис од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски до претседателот на Владата Емил Димитриев

Во врска со Одлуката бр. 42-3461/1 од 07.04.2016 година за поништување на решенијата за распоредување, разрешување и именување на работници во Министерството за внатрешни работи и Договорот за вработување на неопределено време во Министерството за внатрешни работи, како и Одлуката бр. 42-3461/2 од 07.04.2016 година за поништување на правилниците за систематизација на работните места во Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи и организациските единици за потребите на Министерството за внатрешни работи, донесени на седница на Влада на Република Македонија, а доставени до Министерството за внатрешни работи на Република Македонија на извршување, Ви укажувам :

-Владата на Република Македонија и Вие како претседател на Владата, на седницата на влада која се одржа на ден 07.04.2016 година, спротивно на законот и Деловникот за работа на владата, ставивте на дневен ред документ-Информација за прераспоредени работници во Министерството за внатрешни работи и за донесени измени на правилници за систематизација на работните места во организациските единици во Министерството за внатрешни работи, во периодот од 11.11.2015 година до 07.04.2016 година, доставена од дополнителниот заменик министер Г-нот Митко Чавков.

-Спротивно на Законот за организација и работа на органите на државната управа, член 47 став 1 “”Со работата на министерствата раководи министерот””, и член 48 став 3 “”Заменикот во соработка со министерот врши работи од надлежност на министерот што тој ќе му ги довери “”, Информацијата беше процесуирана до Владата на РМ во нелегитимна постапка, спротивно на законските и деловничките одредби, од лице кое без мое овластување како министер за внатрешни работи ја поднесува на дневен ред на седницата на Влада, непримерно искористувајќи го моето отсуство. Несериозноста на пристапот, кој најмалку и доликува на Владата на Република Македонија, е неспорен особено што горенаведената Информација, не ја исполни деловничката одредба за разгледување на документите на седница на работните тела на Владата. Имено, Владата не ја испочитува деловничката обврска, свое мислење за документот да даде и Секретаријатот за законодавство кој е стручна служба на владата формиран за давање мислење за усогласеноста на актите со Уставот и законите на РМ и се грижи за конзистентноста на правниот систем. Дополнително, Владата не ја испочитува и деловничката обврска свое мислење за фискалните импликации од усвојувањето на оваа Информација да даде и Министерството за финансии.

-Согласно позитивните законски прописи, Одлуките на Владата кои се однесуваат на поништување на поединечни акти – решенија за распоредување како и Договорот за работа, не се во нејзина функционална надлежност, односно не можат да бидат предмет на постапување на Владата на РМ, од причина што за истите согласно законот е предвидена соодветна управна постапка. Укажувам дека, за 126 решенија поништени со оваа Ваша незаконска одлука веќе е започната постапка пред Управниот суд на Република Македонија со тужби од страна на дополнителниот заменик министер.

Уште повеќе, за некои решенија за распоредување, тужбите од доплнителниот заменик министер Г-нот Митко Чавков од Управниот суд беа отфрлени , како беспредметни.

Со незаконската Одлука со која се поништија овие решенија, Владата на РМ изврши скандалозен упад во правниот систем на Република Македонија и формално се постави над правниот поредок, преземајќи надлежности кои законски се регулирани во судскиот институционален систем.

– Согласно на член 46 став 3 од Законот за измена на Законот за Влада (Сл. Весник бр. 196 од 10.11.2015 год), “”дополнителниот заменик на министер заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и ги потпишува сите акти и документи кои ги донесува министерот, а се однесуваат на правните, финансиските и кадровските прашања поврзани со организацијата на изборите”” веројатно Ви е јасно дека дополнителниот заменик на министерот мора да биде консултиран само за прашања кои се однесуваат на изборите, а не и на она што е предмет на секојдневните активности на министерството.

Во контекст на погоре наведеното, Ве известувам дека со Ваквите незаконски одлуки предизвикавте, несватливи ситуации, кои многу негативно ќе се одразат на нормалното функционирање на Министерството за внатрешни работи. Имено, да биде небулозата поголема, Вие поништивте решенија потпишани од дополнителниот заменик министер Г-нот Митко Чавков, решенија потпишани од Директорот на Бирото за јавна безбедност, решенија со кои се зголемуваат платите од 5 на 10 % на припадниците на граничната полиција, решенија со кои се продолжува работниот ангажман на вработени во министерството по завршување на породилното отсуство или неплатеното отсуство уредено со закон и слично.

Со ова не само што ќе предизвика хаос во правниот систем на Република Македонија, дисфункионалност во министерството за внатрешни работи, туку и конкретни егзистенцијални проблеми на вработените во министерството.

-Исто така, како уште еден еклатантен пример на практицирање на самовластие и непочитување на Уставот и законите, го наведувам фактот што намерно и свесно ја дезавуиравте улогата на парламентот и мојата јасно изразена воља за повлекување од функцијата. Имено, врз основа на релевантни проценки дека до овој момент не се создадени услови за фер и демократски избори на 6 Април, Ви доставив оставка од функцијата министер за внатрешни работи на РМ, која Вие не ја доставивте до Собранието и свесно спречивте истата да биде констатирана.

Г-не Емил Димитриев,

Вие На 15 јануари 2016 година, бевте избран за претседател на Владата на Република Македонија, со цел да ја предводите Владата која има за цел да организира и спроведе фер, демократски и слободни предвремени парламентарни избори. Вашата одговорност беше да покажете политичка подготвеност и демократски капацитет со цел Република Македонија да излезе од политичката криза која настана заради скандалозните злоупотреби на службената должност од страна на носители на функции од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Со ваквите постапки, на несватливо непочитување на Уставот и законите на Република Македонија Вие уште повеќе ја продлабочивте политичката криза, правејќи уште еден удар врз и онака дискредитираните институции и компромитираниот судски систем на Република Македонија. Со овој чин неспорно го суспендиравте Пржинскиот договор, направивте сканадалозен упад во правниот систем на државата, и создадовте услови за предизвикување хаос еден исклучително важен и осетлив државен орган, како што е министерството за внатрешни работи.

Иако ова не ме прави среќен, сепак сакам да Ви укажам дека одговорноста за сето ова, за последиците од овие незаконски постапки и акти, ќе биде исклучиво, Ваша.

 

 

Последни вести