Соопштение за јавност
Потпретседателката и пратеничка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јована Тренчевска, во вечерашното интервју во „Тема на денот“ на телевизија Сител, порача дека СДСМ влегува во нова фаза на политичко зајакнување, со ново раководство кое претставува спој на искуство, нова сила и енергија.
„Ако ја слушате власта и во 2014 година и сега, тие истото го велат дека тоа не се нови луѓе, дека се стари луѓе, меѓутоа вистината е дека новото раководство заедно со двајцата потпретседатели, заедно со Извршниот одбор, се спој на искуство, на младост, на мудрост и на ентузијазам“, истакна Тренчевска.
Таа нагласи дека токму овој спој е клучот за понатамошните резултати во периодот што следи.
„И тоа е таа карактеристика којашто ќе даде резултати во наредниот период, затоа што и младоста со искуството се споени, имаме нови луѓе, нова енергија, така што најважно од се, тоа се луѓе коишто цврсто веруваат во социјалдемократските вредности“, рече Тренчевска.
Притоа, Тренчевска додаде дека новите кадри се луѓе кои активно работеа и се докажаа во партијата.
„Активно беа вклучени во општинските организации, во различните комисии, партиските комисии. Секој во својата област. Тоа се млади, меѓутоа искусни луѓе докажани во своите професии“, изјави Тренчевска.
Таа потенцираше дека ваквиот спој на различни профили ќе биде јасно отсликан во идните програми и политики на СДСМ.
„Тој спој на различни профили ќе биде отсликан и во програмата којашто ќе ги допира сите области во општественото живеење“, додаде Тренчевска.


