ЗНМ потврди: Героски го прекрши Кодексот на новинарите со навредите кон претседателот Филипче

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Советот на честа при ЗНМ констатира дека новинарот Бранко Героски го прекршил Кодексот на новинарите со навредите кон претседателот на СДСМ Филипче изнесени во неговиот авторски текст со наслов „Извини Филипче, ама ти или си будала, или некој опасно те брлави – не ти кажа Зоќе да не се закачаш со мене?!!“ објавен на „Плусинфо“.

Советот на честа при ЗНМ контатира повеќе прекршувања на членови од Кодексот на новинарите на Македонија, меѓу кои:

-Во текстот се користи навредлив, агресивен и заканувачки речник насочен кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со јасни елементи на лична пресметка, омаловажување и вербална агресија, што е неспојливо со основните начела на професионалното и етичко новинарство.

-Советот оцени дека употребата на изрази со насилен и заканувачки карактер, како и директни навреди, претставува говор што поттикнува агресија и создава непријателска атмосфера во јавниот дискурс. Со тоа е повредена обврската новинарот да не говори со јазикот на омразата и да не поттикнува насилство.

-Начинот на изразување, тонот и содржината на текстот се во целосна спротивност со обврската за негување култура на говорот, етиката и пристојната комуникација со јавноста. Ваквиот јавен настап е недоличен и непримерен, особено имајќи го предвид долгогодишното искуство и влијанието на авторот во јавниот простор.

-Советот констатира дека текстот не претставува новинарска анализа, коментар или критика од јавен интерес, туку лична пресметка со јавна личност. Со тоа, медиумот е употребен како средство за приватен конфликт, што е спротивно на етичките стандарди и улогата на новинарството во демократското општество.

Одлука по поднесена претставка од политичката партија СДСМ против новинарот Бранко Героски

Ова е само мал дел од мноштвото секојдневни примери на кои сведочат граѓаните и за кои говори СДСМ во континуитет наназад и ги разобличува. Пример за тоа како се злоупотребуваат одредени медиуми за лична пресметка со претседателот Филипче, како се води интензивна црна кампања против Филипче и СДСМ полна со навреди, говор на омраза, вербална агресија целосно спротивно на начелата на професионално новинарство.