fbpx

Претседателот Заев разговараше со Могерини

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев, телефонски разговараше со Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Претседателот Заев го повтори ставот на СДСМ дека рамката дефинирана со Договорот во Пржино е единственото реално решение на тешката криза со којашто е соочена нашата држава.

На Република Македонија и се неопходни кредибилни избори со прочистен избирачки список, медиумски реформи и без притисоци.

Воедно, претседателот Заев ја информираше Могерини дека опозицијата не ги повлече досега своите членови на ДИК за да го обезбеди своето присуство и контрола на процесот и за да спречи можни манипулации и злоупотреби.

На оваа тема ќе се дебатира и на утрешниот состанок со коалициските партнери и предлогот на СДСМ ќе биде тоа учество засега да продолжи за да се спречат евентуални манипулации со избирачкиот список.

Скопје, 07.04.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести