Соопштение за јавност
Денешното правдање на Никола Груевски паѓа во вода исто како што тоне самиот Груевски.
Македонија застанува на страната на слободата, на страната на вистината, на страната на демократијата.
Започнува широк граѓански фронт за слободна Македонија против Никола Груевски.
Никола Груевски е проблемот за иднината на Република Македонија.
Политичката криза во Македонија ја создаде токму Никола Груевски со кражбата на изборите и фалсисификувањето на слободната волја на граѓаните на Македонија.
Изборниот криминал на Никола Груевски целосно го потврдија констатираните над 330 илјади спорни и фантомски гласачи во избирачкиот список којшто се уште не е прочистен.
Соочен со страв од соочување со одговорноста за криминалот и корупцијата Никола Груевски ги впрегна „судиите од тефтерчето“ и партиските инсталации во Уставниот суд.
Со тоа не само што го призна криминалот туку ја потврди партизацијата на судството.
Иако лично го потпиша, Никола Груевски постојано го рушеше Договорот од Пржино. Избирачкиот список не се прочистува. Медиумски реформи не се прифатени. Притисоците продолжуваат.
За да остане на власт и да продолжи со криминалот и корупцијата Груевски прави се.
Никола Груевски, човекот кој ги крадеше парите на граѓаните и нивниот слободен глас.
Човекот кој ја украде сегашноста на многу млади луѓе коишто поради неговите криминални политики ја напуштија Република Македонија.
Човекот кој го создаде медиумскиот мрак за да ја крие вистината од граѓаните за неговото криминално владеење, не може да повикува на корегирање на неговите безброј грешки, на штета на граѓаните.
Граѓаните велат доста е.
Или Груевски или Македонија.
Изборот е Македонија!
Скопје, 07.04.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА