Соопштение за јавност
1. Граѓаните на Скопје се гушат а премиерот Мицкоски ги лаже. Власта има пари за тендери ама нема пари да одвои за мерки и политики за чист воздух.
2. Во Македонија – Резолуција. Во Третиот рајх – Декрет. Има ли разлика?
3. Бомба за Алта Банка, втор дел: Кадиевска Војновиќ од ДПМНЕ била во Управниот одбор! Ја повлекле одлуката само 5 дена после прес конференцијата на СДСМ. Врските меѓу Алта Банка, ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш потврдени.
4. Нов доказ: пратеникот на ДПМНЕ, Бојан Стојановски потврди дека со Резолуција власта сака цензура на медиумите. Фалејќи ја Резолуцијата рече дека „било добро за медиумите“ бидејќи ќе се санкционирало „ширењето невистини во јавноста„. Дали има некој што не му е јасно дека Резолуцијата ја донесоа заради темата мигранти за пари
5. Нова анкета, не за реално мерење на јавното мислење туку како чист пропаганден потег на власта, како резултат на драматичниот пад на довербата во Владата.: Стара школа на Груевски, нова препишувачка школа на Вучиќ.
6. Уште една неуспешна акција на кујните на ДПМНЕ за дефокусирање од главните и суштински теми: мигранти за пари, неуставна Резолуција, загаден воздух, колапс на ЕСМ… Граѓаните на Македонија повеќе им веруваат на приказните на Барон Минхаузен отколку на ДПМНЕ.
7. Христијан Мицковиќ проба да се испере од Ванчо Михајлов па отиде да бара прошка од Даме Груев. Доцна е за прошка. На сите им е јасно дека тој се штити самиот себе и својата криминална организација, оркестрирана од Белград. Следува одговорност.
8. Го прашавме чатботот за поимот „ќаци“. Се појави и нова верзија: ДПМНЕ има свои „ќаци“ кои директно препишуваат од српските „ќаци“. СДСМ апелира ДПМНЕ да си ги „наштелува“ своите ќаци и да престане да ја следи логиката на „школото на Вучиќ“.



