fbpx

Мнозинството на Груевски нема да го спаси од медиумски реформи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мнозинството на Никола Груевски во Собранието денеска потврди дека Груевски ВМРО-ДПМНЕ се плашат од медиумски реформи.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ бегаа од лидерски средби, бегаа од работни групи, денеска по директива нивните пратеници не го прифатија предлогот за измени во Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, поднесен од СДСМ и опозицијата, што ги содржи барањата на новинарските здруженија и организации.

Груевски сака да продолжи корупцијата на медиумите под нивна контрола со пари од граѓаните.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат медиумски реформи бидејки како кула од карти ќе им се срушат лагите што ги пласираат преку медиумите под контрола.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат експерти во советите на Агенцијата за медиуми и на МРТВ, туку партиски кадри што ќе ги штитат медиумите под нивна контрола.

Без медиумски реформи нема фер и демократски избори.

Неопходни се реформи во медиумите што треба да обезбедат целосна департизација и професионализација на советите на Агенцијата за медиуми и на јавниот сервис МРТВ.

Ова е обврска што произлегува од Договорот од Пржино, од Извештајот на Прибе, но и обврска од Извештајот на Европската унија за Македонија.

Следните избори во Македонија мора бидат фер и регуларни, со прочистен Изборачки список и медиумски реформи.

Груевски напразно се мачи, нема да се спаси.

Скопје, 04.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести