fbpx

Спасовски во Штип: СДСМ ќе спроведе реформи за професионализација на полицијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи денеска е помеѓу граѓаните на Штип. Со нив разговараше за секојдневните проблеми, како и за актуелнатa политичка ситуација.

На средба со Спасовски младите од Штип се пожалија на големата невработеност, лошите услови за студирање, нискиот стандард.

-Младите се иднината на Македонија. Наместо да ја напуштаат заради недостаток на перспектива и загрозена егзистенција, мерките од програмата на СДСМ ќе создадат можност, преку бројните младински политики, младите да добијат сигурна работа со повисоки плати. Со 140 милиони евра за 4 години за домашните мали и средни претпријатија ќе стимулираме отворање на нови работи места, рече Спасовски.

Младите штипјани рекоа дека еден од проблемите со коишто се соочуваат е и лошото образование и бројните злоупотреби со дипломите. По партиска линија, лица блиски до власта, не се ни појавуваат а потоа добиваат дипломи, рече еден млад студент.

Спасовски возврати дека и во рамките на самото Министерството за внатрешни работи се откриени случаи кадешто началници имаат фалсификувани дипломи. Трендот на купување на дипломи завршува. Затоа се покренати соодветни законски постапки. Законот мора да се почитува, дециден беше Спасовски.

-Решени сме да спроведеме темелна реформа во полицијата. Програмата на СДСМ има сет на мерки за департизација и професионализација на полицијата во интерес на граѓаните. Пред се, можам да им гарантирам на дипломираните криминолози и оние коишто завршиле факултет во областа на безбедноста дека ќе бидат приоритет, рече Спасовски.

-Оптимист сум дека тоа можеме да го направиме и досегашните резултати ни даваат дополнителен мотив. Направивме промена на неколку началници во Секторите на Министерството за внатрешни работи. Ако просечната ефикасност на полицијата за откривање на криминал во 2015 година била 11% сега, во првите три месеци од оваа година, откривањето на криминалитетот е 48% на ниво на Македонија, рече Спасовски.

На средбите во граѓаните на Штип Спасовски рече дека Македонија се соочува со длабока економска и институционална криза. Оваа криза може да се реши само на фер и демократски избори, преку прочистен избирачки список и реформа на медиумите. На фер избори ќе дојде до промена на власта. СДСМ ќе предводи чесна, одговорна и транспарентна Влада, рече Спасовски.

– Програмата на СДСМ носи нова економска политика и подобра инвестициска клима коишто ќе донесат нови работни места, зголемување на минималната плата, сигурна иднина за младите, повисоки пензии, бесплатна здравствена заштита и праведна социјална политика. Програмата на СДСМ е програма за сигурна иднина и подобар живот на граѓаните, рече Спасовски пред насобраните граѓани.

 

 

 

Последни вести