Филипче: Во ниту една област владата нема резултат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, посочи дека актуелната власт нема остварено резултати во ниту една област, а со криминал и корупција ја блокира реформската агенда и го загрозува секојдневниот живот на граѓаните.

„Мислам дека оваа година беше тешка за граѓаните, ама 26-та ќе биде уште потешка. Ќе има сериозна криза, ќе има сериозен пораз на сиромаштијата. Компаниите веќе затвораат. Имаме луѓе кои се жалат поради тоа што немаат пари од поврат на ДДВ и ги затвораат компаниите. Влегуваат во кредити и после тоа работниците ги отпуштаат. Илјадници се отпуштени, изминатите неколку месеци.“, посочи Филипче.

Тој укажа и на страшна енергетска криза, потфрлање на целокупниот енергетски сектор, менаџирањето на енергетскиот сектор од земјата што доведува до поскапување за струјата.

„Поскапувањето на струјата ќе повлече поскапување на сите други продукти, сè друго во земјата, следи бран на огромни поскапувања на храната, на лебот, на млекото, на јајцата, на сите основни прехранбени продукти. Притоа, нема најава дека ќе има зголемување на платите, пропаѓаат преговорите со синдикатите.“, потенцираше Филипче.

Претседателот Филипче го потенцираше фактот дека ИПАРД 3 пропадна, откако ги фатија во корупција, Европа ги повлече парите и 130 милиони евра недостасуваат во земјоделството.

„Кој ќе ги надомести? Ќе се соочи земјоделскиот сектор со огромна криза, повеќе илјади семејства коишто живеат од тоа веројатно ќе бидат доведени на работ на егзистенција во 2026 година. И сега после тоа е веќе се јасно што се случува. Што прави власта во меѓувреме? Се грижи само за своите луѓе“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Претседателот Филипче се осврна и на скринингот во правосудството и процесот кој е запрен, а е едно од клучните прашања којшто е сега актуелно, а одговорот е поради криминал и корупција и ништо друго.

„Се менуваат обвинители, судии, гледаме како поставуваат луѓе блиски до власта, се со цел да ги заштитат своите членови и да влезат во политичка пресметка со сите други политички неистомисленици.“, појасни Филипче.

Филипче исто така предупреди за сериозни економски предизвици и недостаток на прогрес:

„Всушност, вкупната сума предвидена за капитални инвестиции е намалена во буџетот за 2026 година. Сега гледаме дека има проблем со собирањето, со реализацијата на приходите. Десетина проценти ќе фалат. Тоа се 600 милиони евра во буџетот. Ако на тоа се надоврзе долгот кон стопанството, повратот на ДДВ, околу милијарда евра, недостасуваат во буџетот. Тоа беше една од причините зашто веројатно го затвораат порано.“ рече Филипче.

Тој укажа на фактот дека ако предвидувањето за раст на БДП е негде 3,7-8 проценти, а знаеме дека нашата структура на БДП е така, дека две третини е лична потрошувачка, па граѓаните ќе трошат повеќе поради тоа што цените ќе бидат повисоки. Значи, ќе живеат посиромашно.

„Не постои нешто, или некој сектор каде навистина се задоволни луѓето и викаат, да, добро е. Една работа нема. Една област нема во која ќе има некој прогрес. Нема прогрес, рече Филипче.