Соопштение за јавност
Народна банка ги разоткри лагите на Груевски за нови странски инвестиции, оттаму е нервозата во ВМРО-ДПМНЕ.
Само 1.98 милиони евра странски директни инвестиции има во јануари.
ВМРО-ДПМНЕ и Груевски се тие што 10 години спроведуваат првоаприлска економска политика со којашто 10 години ги лажат граѓаните за виртуелни вработувања и виртуелни инвестиции.
ВМРО-ДПМНЕ и Груевски да објаснат зошто со криминално-тендерските политики ја бутнаа Македонија на дното во регионот по странски директни инвестиции?
ВМРО ДПМНЕ наместо да ги фали виртуелните политики на Груевски веднаш да објасни зошто триесет вработени остануваат на улица во Веибо?
ВМРО ДПМНЕ ќе сноси одговорност за незрелите политики на Груевски кој потроши милиони евра субвенции дадени од џебот на граѓаните за инвеститори кои никогаш не отпочнале со работа во Македонија.
Од ВМРО-ДПМНЕ должат одговори за затворената фабрика за чипс во битолско, затворената фирма Продис, затворената фабрика Улак амбалаж, заминатата компанија Индо минерали и метали, непостоечките туристички комплекси и крави на Субрата Рој, криминалното досие на странски инвеститор кој никогаш не изгради фабрика за печурки во Свети Николе, празната писта за неслетаниот инвеститор во Ранковце…
Крајот на виртуелните политики на ВМРО-ДПМНЕ се ближи.
Доаѓа одговорна влада на СДСМ којашто обезбедува реални странски инвестиции коишто ќе отворат нови реални работни места. Странските инвестиции ќе бидат дополнување на домашните претпријатија, а не нивна замена како што е сега.
Скопје, 01.04.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА