Соопштение за јавност
Граѓаните знаат дека дното на македонското судство е постигнато со ВМРО-ДПМНЕ, многу одамна.
Но, секоја ваква нова скандалозна одлука на партиските послушници на Никола Груевски инсталирани во судството се уште е доказ за тоа колку тешко пробива правдата.
Криминалот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години е целосно потврден.
Ниту еден поставен судија „од тефтерчето“, ниту една судска одлука од партиските послушници на Никола Груевски нема да ги спаси од одговорност за криминалот и злосторството врз граѓаните на Македонија!
Одговорност за незаконското прислушување, за изборниот криминал, корупцијата и целокупното криминално владеење на нелегитимната банда на власт мора да има и ќе има.
Тоа треба да му биде јасно на секого.
Секој што го прекршил законот ќе одговара!
Скопје, 01.04.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА