Соопштение – реакција на изјавата на Мицкоски
Слушаме денеска изјави од Христијан Мицкоски кој вели дека наводно владата ја поддржува акцијата на САД во Венецуела. Па уште прави несоодветни паралели со европскиот пат на Македонија, којшто токму тој го блокираше.
Очигледно е Мицкоски се обидува да се „испере“ од неговите пријатели Орбан и Вучиќ, кои единствени во Европа развиваа соработка со Мадуро.
Но доцна е сега, не може Мицкоски да побегне ниту од Вучиќ, ниту од Орбан.
Нивниот заеднички проблем е што се отворија случаите на корупција и што во САД се носи Закон за Западен Балкан со фокус на борбата против криминалот и корупцијата.
Бидејќи Мицкоски вели дека ја поддржува акцијата на САД, прашањето е дали го прифати предлогот на СДСМ прво да се уапси себеси?
Гледаме дека за Тимчо Муцунски овој предлог е прифатлив.

