fbpx

Неинвестицискиот бум на Груевски го потврди и Народна банка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Народна банка го издиша балонот од лаги на Груевски за нови странски инвестиции.

И НБРМ потврди дека на Груевски му се случува неинвестициски бум објавувајќи дека во јануари има само 1,98 милиони евра странски директни инвестиции.

Вознемирените кумашини панично се расшетаа низ државата во промоција на нови виртуелни инвестиции за да ги сокријат фактот дека во третиот квартал на 2015 година имаме само 3,5 милиони евра директни странски инвестиции.

Криминалните политики на Никола Груевски ја бутнаа Македонија на дното во регионот по странски инвестиции со само 124 долари по жител.

Еве го неинвестицискиот бум на Груевски:

1.Хрватска____________ 613 долари по глава на жител;
2.Црна Гора___________601 долари по глава на жител;
3.Албанија___________ 284 долари по глава на жител;
4.Србија_____________ 210 долари по глава на жител;
5.Косово_____________202 долари по глава на жител;
6.Бугарија____________178 долари по глава на жител;
7.Македонија_________124 долари по глава на жител;

Во виртуелниот свет на Груевски медиумите под негова контрола не зборуваат за: затворената фабрика за чипс во битолско, затворената фирма Продис, затворената фабрика Улак амбалаж, заминатата компанија Индо минерали и метали, непостоечките туристички комплекси и крави на Субрата Рој, криминалното досие на странски инвеститор кој никогаш не изгради фабрика за печурки во Свети Николе, празната писта за неслетаниот инвеститор во Ранковце…

Граѓаните ги чувствуваат последиците од економскиот пустош што зад себе го остави Груевски со неговите 10-годишни криминално-тендерски политики.

СДСМ во својата Програма обезбедува реални странски инвестиции коишто ќе отворат нови реални работни места. Странските инвестиции ќе бидат дополнување на домашните претпријатија, а не нивна замена како што е сега.

Ќе се грижиме за постојните странски инвестиции, ќе целиме кон нови, но цврста основа на домашната економија ќе бидат домашните претпријатија.

Малите и средни претпријатија ќе добиваат годишно од 20 до 50 милиони евра државна финансиска поддршка, наместо досегашните 2 евра по фирма што им ги дава власта.

Силни домашни претпријатија се гарантор на силна домашна економија.

Доаѓа нова одговорна и транспарентна влада предводена од СДСМ којашто нуди чесна економска политика за сигурна иднина на сите граѓани на Р.Македонија.

Скопје, 01.04.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести