Скандалозно: Соопштенијата на МАН се пишуваат во ВМРО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Маските се симнати. Нема веќе криење.

Соопштенијата и реакциите на МАН се напади врз СДСМ напишани од ВМРО.

Што ја прелеа чашата?

Маските паднаа по објавата за „стратешкиот партнер“ – „Ноќните волци“ на Путин, активностите на Иван Стоилковиќ, средбите со осомничени за криминал и секако по целосното разоткривање на спонзорирањето текстови против СДСМ од страна на Алта банка.

Сите соопштенија излегуваат од кујната на ВМРО. Истата канцеларија, истиот центар пишува за МАН, пишува за Алта банка, за квислингот, за сите.

ВМРО е во толкава паника што веќе не се свесни од каде сè реагираат преку својата мрежа за ширење лаги, која ја сочинуваат: самата партија ВМРО, сателитските партии како ЗНАМ, квислинзите, дел од порталите под нивна контрола, т.н. независни здруженија и слично.

Во таа паника, вчера соопштението на здружението „МАН“ го започнаа со: „Овој пат нема да дозволиме враќање на режимот на Заев преку Филипче“, како да се политичка партија, а не здружение на новинари.

Целта на ваквите „здруженија“ треба да биде унапредување на професионалните стандарди, а не ширење говор на омраза и нивна политизација.

По реченицата што го разобличува нивното дејствување, ги симнаа маските.

Спроведуваат кампања на линч против претседателот на СДСМ, кој во одговор за новинар на „Алфа ТВ“ единствено кажа дека не сака да одговара на лажните вести на ВМРО.

Од тоа направија цела кампања со цел дефокус од главната тема: „стратешките партнери на ВМРО – путиновите Ноќни волци“.

Ова е јасен показател како функционира медиумската мрежа, која ВМРО ја координира од својата кујна на лаги. Покрај бројните објави во медиумите, гостувања и емисии на телевизија, следеа изјави, а на крај и соопштение од здружението МАН.

Ова не е професионално новинарство туку политичка алатка на ВМРО и кујните за водење постојана негативна кампања во медиумите против СДСМ, членовите, симпатизерите, раководството и претседателот на партијата.

Ивона Талевска ударна тупаница на ВМРО, блиска на Латас, како во старите времиња на режимот на Никола Груевски повторно јава на медиумските кампањи против опозицијата.

Македонија се враќа во мракот.

Затоа се навредите кон претседателот на СДСМ, речникот на Геро полн со навреди и говор на омраза: „Будали едни“ „Пролупаното раководство на СДСМ„ „ Штабот на будалите“ „Венко, ти си будала, човече!“ и многу други.

Власта е разоткриена. АКТ ги објавува криминалните тендери на тендер коалицијата, 161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за друга, 1,2 милиони за фирма блиска до ЗНАМ.
Јавноста знае и за нивниот план за избори а потоа мигранти за пари.

Нервозата е голема – САД носат нов закон за Западен Балкан со фокус на криминалот и корупцијата.

Разоткриени сте!