Соопштение за јавност
Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во:
-Легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.
-Анти ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата.
-Планот за предвремени избори што ги имаат веќе договорено без основни услови да бидат фер и демократски
-Реализација на планот „мигранти за пари“ после тоа.
Сите чекори кои власта досега ги презема веќе ги најавивме: изолација, избори, мигранти за пари.
Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може да каже после тоа дека не бил соучесник.
СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна. СДСМ останува на страната на Македонија, на страната за интеграција, на фронтот за правда и против корупцијата и криминалот.

