ДЕФОКУС во рамки на анти-ЕУ кампањата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нема одговор што правел првиот човек на Мицкоски со „Ноќните волци“.

Нема одговор на тоа што кажавме дека во декември недостасува една милијарда, а сега веќе две милијарди евра.

Нема одговор за новите задолжувања преку еврообврзници.

Нема одговор за криминалните дејствија и тендери.

Нема одговор зошто нема зголемување на платите во Армијата.

Нема одговор зошто нема зголемување на пензиите.

Нема одговор за визите од САД.

Нема одговор за Алта банка.

Но затоа има дефокус: „Потпретседателот на СДСМ од јахтата на Заев“ а објавуваат слика како седат на маса.

Сега на сите им е јасно како функционира ВМРО и нивните кујни, како функционира тендер-коалиција до гуша во криминал.

Обидите за дестабилизација на СДСМ преку Деспотовски, во координација со Геровски и Ивона Такевска, позната по врските со Латас, не успеаја.

Сега овие двајца фрустрирани, преку серии написи, учествуваат во анти-ЕУ и анти-САД кампања.

Гледаат дека ни тоа нема да им помине, па по стариот рецепт од кујната на ВМРО се обидуваат да го тргнат вниманието од главната тема – дека со своите политики ја доведоа Македонија на црна листа – и да пласираат вакви глупости.

И секако, објави спонзориани од Алта банка каде е пола ВМРО.

Замислете, до каде оди овој идиотизам? Луѓе седат на маса тие пишуваат Трајановски од јахтата?

Навистина мислите дека народот е слеп и глув?

Ова повеќе не ви поминува. Доаѓа време кога ќе одговарате.