fbpx

ВМРО-ДПМНЕ за директор на средно училиште поставува осуденик за насилство врз ученик

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, СДСМ Кавадарци
Косте Бојков, потпретседател на ЛК СДММ Кавадарци
Кавадарци, 26.03.2016 година

Почитувани граѓани,

Хаосот од криминалните политики во образованието од страна на ВМРО-ДПМНЕ постои и во Кавадарци, на штета на учениците.

За директор на средното општинско земјоделско – шумарско училиште Ѓорче Петров е поставен Благој Димитров, против кого е донесена предуда (во прилог) за физички напад на ученик.

Замислете, ВМРО-ДПМНЕ за директор на средно училиште поставува осуденик за насилство врз ученик.

Врз основа на која морална и правна основа Димитров е поставен за директор?

Кој е интересот на градоначалникот Александар Панов од ВМРО-ДПМНЕ да постави осудувано лице за директор?

Чии бизнис интереси се штитат?

Ова претставува скандал од невидени размери и за овој преседан одговорност мора да има.

Дополнително, од кога Димитров е поставен за директор, проблемите во училиштето се зголемуваат. Вработените се изложени на постојан мобинг и притисок, а неконтролираното трошење на буџетските средства зема замав.

Вработените во училиштето, како и родителите се револтирани и со право реагираат.

Бараме оставка веднаш, а надлежните органи и институции да преземат соодветни мерки.

 

 

 

Последни вести