Алфа ТВ против Трамп

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По неуспешната акција на Жан Митрев, во рамки на црната кампања на ВРМО за јавен линч, денеска новинар од Алфа Телевизија објави колумна- текст против СДСМ и претседателот Венко Филипче.

Во оваа колумна стои, цитираме: „Мислам на едноставниот факт дека Трамп е на позиција претседател на САД и поради тоа, што исто така е голема грешка, може да си дозволи луксуз да се конфронтира со….па со кого сака по се изгледа.“ Според него, голема грешка било што е Трамп на позицијата претседател на САД.

Во истиот овој текст ѝ советува на СДСМ да ѝ се извини на Алфа додека го брани Геро: „Новинарот Бранко Героски го развлекуваат“.

Кого всушност брани? Човекот кој се крие зад новинарска легитимација и зад слободата на говорот за да плука отров врз СДСМ, членовите и претседателот на партијата.

Со ова Алфа Телевизија целосно застана зад навредите на Геро, како што се на пример: „скотови“ „будали“ „штабот на будалите“ „Венко, ти си будала!“„овие од Бихаќка да јадат лајна колку сакаат“ „имате уште гомна за јадење, шапшали?“ или заканите како „Ве чекам на нишан“.

Кога Геро зборуваше за себе дека е Алфа мислевме дека погрешил, тој навистина е дел од проектот Алфа спонзориран од Алта. Он сепак е Алфа-Алта.

Дури и логотипот на Алфа и Алта се толку идентични, облик, знак, боја.

Дали затоа Алфа ТВ го смени логото, бојата и изгледот?

Случајно?

Сега е сè кристално јасно.

Црната кампања и јавниот линч доаѓа од еден ист центар – ВМРО, Алфа се само извршители.

Сè е поврзано.

Откако не успеаја акциите со Дубаи, зграда од 42 ката, Сент Мориц. Следуваа неуспешните акции со квислингот Деспотовски, во координација со Геро и Ивона Талеска, позната по врските со Латас.

Не беа случајни ниту лажните вести дека претседателот Филипче имал куќа во Нерези, токму од Алфа ТВ.

Последното сценарио е со лагите на Жан Митрев.

Намерно планирани и објавени на емисијата кај Богдан Илиевски. Каде? На Алфа ТВ.
Во истата емисијата, гостува и Стоилковиќ, познат по дружбите со ноќните волци, да ги правда врските со СНС на Вучиќ и да го напаѓа претседателот Филипче.

Познавајќи ја историјата на Алфа ТВ од времето на Никола Груевски очигледно е дека се вратени во тоа време.

Точно после 10 години се враќаат во црните денови на црни кампањи, злоупотреба на медиумите за политичка пресметка со опозицијата и јавен линч.