fbpx

Царовска: Програмата на СДСМ нуди вистински решенијаза потребите на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика Мила Царовска беше помеѓу граѓаните на Ресен со кои зборуваше за актуелната политичката ситуација и за проблемите на граѓаните од овој регион.

Сиромаштијата, нискиот животен стандард, лошата инфраструктура и иселувањето на младите се главните проблеми што ги мачат граѓаните од овој регион.

– На следните фер и демократски избори, оваа ненародна власт ќе си замине во историјата. За секоја неправда што ја нанесоа, секое зло што го направија во последните 10 години ќе одговараат. СДСМ, којашто ќе ја предводи демократска, транспарентна и одговорна Влада, нема да се води од реваншизмот. Само со несебична посветеност на секој поединец со сите демократски сили, можеме да ја вратиме Македонија на патот на вистинските вредности, рече Царовска пред присутните.

Царовска рече дека Програмата на СДСм ќе обезбеди сигурна и подобра иднина за секој граѓанин.

– Новата влада предводена од СДСМ ќе ги зголеми субвенциите за 160 милиони евра и вистински ќе се грижи за земјоделците. Ќе ја вратиме во игра зелената нафта и ќе има сигурен пласман на земјоделските производи. Ќе воведеме можност на лицата постари од 65 години на кои им недостасуваат до 5 години работен стаж за право на пензија, да извршат докуп на стажот. Работниците ќе имаат подобро и поправедни услови за работа, ќе има праведна социјална политика. Нашата програма се темели на реални цели и тоа е програма на чесна, домаќинска и одговорна политика, рече Царовска.

Со победата на изборите, СДСМ ќе ја преземе одговорноста, дадена од поддршката на граѓаните и со новата програма и новата енергија ќе ја поведе Македонија во сигурна и подобра иднина.

Во Ресен, Царовска беше придружувана од претседателот на Комисијата за здравство, Гоце Чакаровски.

 

 

 

Последни вести