fbpx

Атанасов: Владата предводена од СДСМ ќе го укине екстерното во првите 100 дена

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на Комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов беше помеѓу граѓаните на Македонски Брод со кои разговараше за секојдневните проблеми со коишто се соочуваат.

Граѓаните искажаа незадоволство од власта во заминување. Сиромаштијата, невработеноста, лошиот животен стандард, иселувањето на младите и лошата инфратруктура се главните проблеми со кои се соочуваат граѓаните од овој регион.

– Криминалната власт на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ си заминуваат на следните фер и демократски избори. За секое зло што го нанесоа последните 10 години, ќе одговараат. Слободата, правдата, еднаквоста ќе ги вратиме назад. Промените што започнаа се незапирлив процес, рече Атанасов пред жителите на Македонски Брод.

Атанасов рече дека во програмата на СДСМ граѓанинот е на прво место. Тоа е програма за сигурна и подобра иднина на граѓаните што ќе ја обезбеди одговорна и транспарентна Влада предводена од СДСМ.

– Новата влада предводена од СДСМ во првите 100 денови ќе го укине екстерното образование, и ќе ги растерети професорите, учениците и родителите. Ќе направиме наставниците да бидат посветени, а учениците да бидат мотивирани. Ќе го зголемиме квалитетот на образованието и ќе го намалиме бројот на програмски содржини и предмети. На нашите деца ќе им обезбедиме и поквалитетни учебници и нивна дигитализација. СДСМ посветено ќе работи за подобрување на образовниот процес, да се изедначиме со земјите од Европката Унија и со тоа да ставиме крај на хаосот што го остави оваа расипничка власт, рече Атанасов.

Граѓаните искажаа незадоволство од хаосот во Избирачкиот список.

– Оваа власт крадела гласови и ја фалсификувала волјата на граѓаните. Хаосот во Избирачкиот список и стотиците илјади спорни и фантомски глачаси го потврдија изборниот криминал. Секој што учествувал во криминал и изборен грабеж мора да одговара. За да се создадат услови за фер избори потребно е прочистување на Избирачкиот список и реформи во медиумите. Да, промените ќе се случат на следните фер и демократски избори, рече Атанасов.

 

 

 

Последни вести