fbpx

Оризопроизводителите разочарани од Цветков

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претставници на земјоделското здружение „Бело злато“ од Кочани кои неодамна протестираа поради ниската откупна цена на оризот, денеска беа на средба со министерот Михаил Цветков од каде излегоа разочарани.

-Нема конкретно решениe за нашиот проблем. Добивме само уште едно ветување дека ќе се обиде да најде решение. Министерот ни го пренесе ставот на откупувачите со кого имаше средба претходно. Откупувачите нудат 35 денари за килограм бел ориз. Со оваа цена не можеме да ги покриеме ниту основните трошоци, а не да инвестираме во новата сезона која започнува за десетина дена – му се пожалија земјоделците на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,Љупчо Николовски.

Оризопроизводителите потсетија дека вакво исто ветување од Цветков добиле пред жетвата, кога најавил дека цената на белиот ориз ќе биде 50 денари, а на арпата 25 денари за килограм.

На ова Николовски одговори дека проблемот со пласманот на земјоделските производи е проблем на државата и дека мора да се излезе во пресрет на земјоделците. Тој го повтори излезното решение преку интрвентен откуп од страна на владата.

-Согласно Законот за земјоделство и рурален развој, на барање на министерот за земјоделство, владата може да изврши интревентен откуп на ориз и на тој начин да ви помогне со пласманот – изјави Николовски и додаде дека долгорочното решение на проблемот е во конкурентно производство, односно преку поефтини репроматеријали као зелена нафта, семе, ѓубрива и препарати и секако навремена исплата на субвенциите, да се намали производната цена на оризот и на тој начин да им одговара и на земјоделците и на откупувачите.

Николовски останува посветен на проблемите и потребите на земјоделците и ќе стори се да им се помогне да се решат нивните проблеми што е во интерес на вкупното земјоделско производство.

 

 

Последни вести