fbpx

На кого Регулаторна му обезбедила 2.1 милиони евра профит само во февруари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Молчат сите надлежни институции за кражбата на граѓаните преку сметките за струја.

Регулаторната комисија за енергетика, чиј прв човек е од редовите на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Кратово 5-ти ден молчи зошто дозволуваат во Македонија да се увезува струја поскапа за неверојатни 41.7 проценти?!

Тоа се околу 2 милиона евра повеќе што месечно се извлекуваат преку сметките за струја на граѓаните!

Увозот на струја е неопходен поради намаленото домашно производство на струја.

Од 2006 до 2015 година производството на електрична енергија во Македонија е намалено за повеќе од 30 проценти!

Во 2015 година во Македонија се увезени 35 проценти од вкупните потреби!

Во 2014 година увезени се 38 проценти струја од вкупните потреби!

Прашањето е зошто ако цената на струјата на регионалните берзи е намалена за 20 евра по мегават час, Регулаторната комисија за енергетика дозволува во Македонија увоз по 51. 46 евра по мегават час?!

За чии интереси Регулаторната комисија за енергетика не ја нивелира цената на увезената струја во Македонија со регионалната, со што би се намалиле сметките за струја на граѓаните?

Во чии џебови завршуваат по околу 2 милиона евра пари на граѓаните месечно?

Според нашите информации постои притисок во медиуимите под контрола да не се објавува скандалот кој открива криминална енергетска мрежа.

Скопје, 25.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести