Дефокус на ВМРО преку Алфа и Жан додека се носат 10.000 „сезонски работници“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и кујните, Владата на ВМРО носи 10.000 „сезонски работници“.

Дупката во Буџетот е веќе 2 милијарди евра, нема пари за плати и пензии поради криминалните тендери. Како ќе се обезбедат 6 милијарди евра кредит? Преку познатиот договор кој го објавија британските медиуми.

Како ќе се сокрие тоа од јавноста? Со дефокус, измислен „рекет“, црна кампања и брутален јавен линч против претседателот на СДСМ, Венко Филипче и членовите на партијата.

Сеат магла, преку Алфа ТВ, Геро, Бетмен Велит, преку Ивона позната по врската со Латас, Наум Стоилковски, преку медиумскиот октопод Алфа–Алта, создаден од ВМРО а финансиран со пари на граѓаните на Македонија, кои се испумпуваат преку тендери.

Дефокус за пренасочување на вниманието на јавноста од вистинските економски проблеми на граѓаните и главната тема, мигранти за пари.

СДСМ ќе продолжи да ја разобличува секоја лага на кујните на ВМРО, секој дефокус и секоја злоупотреба.