fbpx

Манчевски во Карпош: Застануваме на патот на урбаната мафија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски вчера беше помеѓу граѓаните на Карпош.

Браќата по пари и бизнис интереси, Груевски и Јакимовски не угушија и со криминалните политики и со загадениот воздух. Поради нивните бизнис интереси го уништија зеленилото, го уништија Карпош, револтирано рече еден од граѓаните.

-Ќе застанеме на патот на урбаната мафија. Не е дозволиво во подножјето на Водно да се градат висококатници и да се уништува зеленилото, а на неколку метри од тука да нема ни водовод ни канализација, да нема основни услови за живот. Приоритетите мора да се променат и ќе ги промениме. Се додека во секоја општина, град, село, не биде решен проблемот со водоводот, канализацијата, училиштата и амбулантите не можеме да зборуваме за модерна и успешна Македонија. СДСМ има програма и план со реални, остваливи цели и ние тоа ќе го направиме, рече Манчевски.

-3 милијарди евра во следните 10 години ќе одвоиме и ќе инвестираме за изградба на патишта. Тоа се 300 милиони евра годишно, за автопати, регионални, магистрални патишта и локални патишта, рече Манчевски.

На средбите Манчевски зборуваше и за актуелната политичка ситуација во Македонија.

Манчевски нагласи СДСМ работи во насока на исполнување на условите за фер и демократски избори на 5-ти јуни, преку прочистен избирачки список и реформи во медиумите. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од слободни избори, од прочистување на Избирачкиот список и реформа на медиумскиот простор затоа што знае дека на фер избори ќе загуби.

После проверките на избирачкиот список се покажа дека над 330 илјади гласачи се сомнителни и тоа го потврди изборниот криминал. Груевски и неговата банда владеела на тој начин што ги крадела гласовите и парите на граѓаните. Но промените доаѓаат и тие ќе се случат на следните слободни, фер и демократски избори, рече Манчевски.

Манчевски во Карпош беше заедно со членката на Извршниот одбор на СДСМ, Сања Лукаревска и пратеникот Стефан Богоев.

 

 

Последни вести