fbpx

„Дил-ориентед“ Пешевски не може да зборува за економија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владимир „дил ориентед“ Пешевски денес добил задача да ги брани економските катастрофални политики на Груевски.

За 10 години криминална власт, Груевски и Пешевски не можат да зборуваат за отварање на работни места и поддршка на малите бизниси.

Македонија е на днотопостранскиинвестиции во Европа и на 13-то место победотија во светот.

Поради „дил ориентед“ политиките на Пешевски и Груевски, 626.312 граѓани заминале од Македонија, пред се млади и образование луѓе.

Поради „дил ориентед“ политиките на Груевски и Пешевски се затворија на 10.000 фирми, а секоја трета е со блокирана сметка.

Поради „дил ориентед“ политиките над 180 илјади граѓани во Македонија живеат со по 40 денари на ден.

„Дил ориентед“ министерот ќе остане запаметен и по нападите врз новинари.

Ништо нема да ги спаси „дил ориентед“ министерот и Груевски од одговорноста за целокупниот криминал.

За катастрофата што и ја нанесоа на Република Македонија и нејзините граѓани казната доаѓа на следните фер избори.

„Дил ориентед“ министерот, заедно со Груевски и ВМРО ДПМНЕ отчетот ќе го видат после фер и демократски избори каде што граѓаните на РМ ќе ги испратат во историјата заедно со „дил ориентед“ политиките.

 

Скопје, 24.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести