Нови бомби – стара банда!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Конгресот на СДСМ помина одлично, сите беа обединети. СДСМ е посилна, поединците кои работеа со ВМРО не успеаја да ја разединат партијата.

Затоа сега сме уште посилни во борбата против изолацијата на Македонија, против криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.

Најавивме отворање на Пандорината кутија – наскоро граѓаните ќе видат што сè стои зад овие обиди за рушење и напади на СДСМ, кој сè е вклучен и зошто. Сите нивни планови и цели кои ги зацртале ќе ги објавиме.

Нови бомби – стара банда!

Граѓаните ќе видат зошто власта толку очајно ја напаѓа и се обидува да ја руши единствената вистинската опозиција.