150 минимални плати чинат часовниците на Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Премиерот Христијан Мицкоски се најде на врвот на листата на политичари од земји членки на НАТО со најскапи часовници.

Тоа што се најде на листата на државници со НАТО членки е благодарение на сериозната државничка политика на СДСМ, која се грижеше за интересите на Македонија, а не за лични интереси и купување скапи часовници. Да се прашуваше Мицко тогаш, денес ќе бевме руска провинција или кинеска колонија а не НАТО членка.

Согласно анкетниот лист за имотната состојба, Мицкоски има колекција од часовници вредни 60.000 евра.

Во Македонија минималната плата изнесува 396 евра, што значи дека часовниците на Мицкоски чинат колку 150 минимални плати.

Дванаесет години треба македонскиот работник да работи за да заработи толку пари колку што чинат часовниците на Мицкоски. 150 минимални плати! Без притоа за ништо друго да не троши пари.

Ова ли е четвртата економија во Европа како што вели Мицкоски?

Ова покажува „колку е саат“ во Македонија и за што се грижи владата. Македонија има најниска минимална плата во Европа. Во Црна Гора минималната плата е 600 евра, во Србија од 505-580 евра, во БиХ 525 евра, во Албанија 444 евра.

Додека македонските работници молат за леб Владата на Мицкоски им вели дека нема пари за поголеми плати. А доаѓањето на „економските работници“ кои веќе ги гледаме значи дека поголеми плати нема да има.

Пари има са скапи саати, тендери, нов авион, за туристички патувања како она во Давос, нема само пари за работниците. Тое е политиката на Мицкоски.