Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ денеска беше јасен. СДСМ го поддржува денешниот протест на работниците и Сојузот на синдикати на Македонија и сите нивни барања за покачување на платите.
СДСМ ќе продолжи принципиелно да ги поддржува барањата на секоја група граѓани на кои им е потребна помош.
Нашите членови, како дел од синдикатите, можат автентично да учествуваат во протестите, но СДСМ нема и нема да даде организирана, партиска поддршка.
Протестите мора да останат автентичен израз на незадоволството на работниците, исто како што и нивната организација е автентична и независна.
Во времето на СДСМ немаше потреба од протести по улиците, платите континуирано растеа, дури и во најголемите економски и здравствени кризи а владата работеше во интерес на сите граѓани а не на поединци со скапи часовници.
Парите завршуваа кај граѓаните, ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.
Рекацијата на НСП е само во заштота на приватниот бизнис на Мицкоски.
Драго ни е што еден по еден излегуваат на виделина и го покажуваат своето вистинско лице. Сега граѓаните знаат кој сè работи за скапите часовници на Мицкоски.
Листата станува сè подолга.




