Соопштение за јавност
Нема одговор за сликата на Мицкоски со криминалецот Симе.
Кога се појави фотографијата со криминалецот С.З., познат како Симе, уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари, од ВМРО рекоа дека станувало збор за „исклучиво само една фотографија“.
Но, еве и втората фотографија.
Дали сега одговорот ќе биде дека се работи за „исклучиво само две фотографии“?
Јавноста има право да знае: Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и криминалец од ваков калибар?
Ништо не е случајно.
Прво корупција. Потоа криминални тендери. Па злоупотреби на европски пари. Сега слики со тешки криминалци.
Како што самото ВМРО вели, за нив сè е приватен бизнис.
Граѓаните заслужуваат одговор.


