Наместо за криминални тендери да се обезбедат пари за 600 евра минимална плата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ го поднесе Законот за зголемување на минималната плата на 600 евра, согласно реалните потреби на работниците и јасните барања на синдикатите.

Законот е одговор на драматично намалениот животен стандард на работниците во измината 1,5 година.

Инфлацијата, трошоците, поскапувањето на храната, струјата, греењето, услугите директно ја намалија куповната моќ на работниците, особено на оние кои живеат од минимална плата. За илјадници семејства, минималната плата е единствен или доминантен извор на приходи.

Обврска на власта е да обезбеди пари за покачување на минималната плата на 600 евра.

Не може да има пари за криминални тендери но да „нема пари“ за работниците.

Работниците слушаат секој ден, 161 тендер за една фирма, 51 тендер за друга фирма, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.

Ова е изборот на криминалната коалиција ВМРО-ЗНАМ, тендер-шеми, а не се работниците.

Младите се иселуваат додека владата увезува „економски работници“.

Законот на СДСМ е во Собрание. Сега граѓаните ќе видат кој е за 600 евра минимална плата за работниците а кој е за криминални тендери.