Филипче: Европскиот парламент ја потврди оската Мицкоски – Орбан – Вучиќ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа посочи дека Европскиот парламент ја потврди оската Мицкоски – Орбан – Вучиќ. Говорејќи за врските на Владата со Унгарија, Србија и Русија, Филипче нагласи дека тие се јасно нотирани од европските институции и резултираат со сериозна меѓународна изолација на државата.

„Тоа стои напишано во извештајот на Европскиот парламент. Тоа го констатирале европските институции, а ние сме само сведоци дека секојдневно се случува. Тоа го кажува Европа, констатирано е од страна на Европскиот парламент, внесено е официјално во извештајот за Северна Македонија, а ние само го аргументираме дополнително со вакви случки за коишто, внимавајте, во ниту еден момент нема демант од нашата влада.“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ додаде и неколку примери.

„Врската со Орбан преку кредитот којшто стигна од сомнително потекло од милијарда евра, за којшто никој не знае, ниту кажува каде се парите. Очигледно дека се потрошени. Нема никаков отчет, целосно нетранспарентно за земање на тој заем и уште понетранспарентно трошење на, внимавајте, милијарда евра коишто ќе ги враќаат следните генерации. Влезот на сомнителен капитал од Србија. Доаѓањето на Алта банка, за којшто се знае дека е сомнителен капитал, која банка беше одбиена од земја членка на Европската Унија кога сакаа да влезат и да функционираат во Европската Унија. Потоа, врските со Путин коишто се видливи на ниво на вицепремиер на владата. Каква е таа релација на вицепремиерот Стоилковиќ со луѓе блиски на Путин, со средби со ноќните волци, луѓе блиски до Путин? Пазете, вицепремиер во државата го прави тоа.“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/33664761.html