Нема одговор за дрогата од 5 тона, повторно само дефокус

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нема одговор од ВМРО за тоа како 5 тона дрога завршила во Србија преку Македонија.

Без поддршка на структури во власта и во македонските институции ова е невозможно.

Кој дозволил преку македонската граница да помине огромна количина на дрога?

Нема одговор.

Секогаш кога ВМРО нема одговори на прашањата на граѓаните на Македонија, задолжително се обидува да дефокусира, веднаш споменуваат Дубаи, Венеција, Заев, згради од 42 ката, скокови во далечина, Венеција….

Нема одговор за дрогата, нема одговори за Жан, за сликите на криминалецот Симе со Мицкоски, нема одговор за платите и пензиите.

Има само дефокус, и тоа со уличарска комуникација.

Картелскиот скандал воопшто не е наивен и јавноста ќе ги добие сите одговори.

Нема бегање од вистината, нема бегање од правдата.

Сите ќе одговарате.