Соопштение за јавност
Додека Македонија ја тресе картелски скандал со 5 тони дрога, власта молчи. Нема одговор ниту за сликите на Мицкоски со криминалецот Симе уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари.
Од ВМРО рекоа дека станувало збор за „исклучиво само една фотографија“.
Но, излезе и втората фотографија.
Сега еве и трета фотографија на Симе со премиерот Мицкоски.
Нова слика, старо друштво на Мицкоски. Изгледа Мицкоски има цел албум слики со Симе.
Јавноста треба да знае: што ги поврзува Мицкоски и Симе?
Ништо не е случајно.
Прво корупција. Потоа криминални тендери. Па злоупотреби на европски пари. Па дрога од 5 тони. И за цело време слики со тешки криминалци.
Граѓаните заслужуваат одговор.
Што бара Мицкоски толку често во друштво на криминалец од ваков калибар?
Каква е нивната поврзаност?


