Соопштение за јавност
Како може Мицкоски, кој има часовници од 65.000 евра, да планира купување на авион за своите туристички патувања а за работниците да нема пари за плати?
Како може додека работниците едвај врзуваат крај со крај, додека минималната плата не ги покрива ни основните трошоци за живот, Владата бесрамно да троши милиони евра на криминални тендери?
161 тендер за една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта, 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени.
Ако Владата се откаже од криминалните тендери, ќе има пари за минимална плата од 600 евра.
Само треба да ги смени приоритетите.
Наместо алчност за пари и криминални тендери да помисли на работниците.
Наместо системска кражба – социјална правда.
Податоците се немилосрдни: трошоците за живот постојано растат, а минималната плата стагнира. Две минимални плати не се доволни за еден просечен семеен буџет.
Владата го знае тоа – и свесно одлучува да не направи ништо за работниците, да тера со тендерите.
Со криминални тендери нема достоинствен живот за граѓаните.
Изборот е нивен. Одговорноста исто така.



