Соопштение за јавност
Поминаа повеќе од 50 дена од објавата на скандалите со криминални тендери.
Обвинителството и натаму молчи пред очигледни и алармантни податоци за сомнителни јавни набавки.
161 тендер за една фирма.
52 тендери за друга фирма.
9 милиони евра за фирма со само двајца вработени.
1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.
Како е можно едни исти фирми да добиваат милионски тендери а обвинителството да молчи?
Молкот испраќа порака дека за криминалите на власта законите не важат, а институциите се неми и под целосна контрола.
Очигледно затоа Мицкоски ги стави во свои канџи речиси сите институции, судството, обвинителството, и не само што му се под контрола туку им дели и задачи од собраниската говорница.
Дали сега на сите им е јасна неговата „борба“ против корупцијата?
СДСМ ќе ја продолжи борбата против криминалот и корупцијата на власта.
Сите ќе одговараат.
Работата не е завршена.



