Соопштение за јавност
Граѓаните, членовите на СДСМ, симпатизерите и поддржувачите можеа да видат дека во изминатите неколку месеци Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е на вистинскиот пат.
Тоа го препознаа и граѓаните, а го потврдуваат и последните наши истражувања на јавното мислење. Партијата се стабилизирше, започна силна борба против криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.
Со нова сила и нова енергија, Антикорупцискиот тим секојдневно изнесува факти, докази, документи за криминалот и корупцијата кои водат до врвот на власта.
АКТ доби голема поддршка од јавноста за борбата против криминалот и корупцијата на ВМРО-ЗНАМ и договорите „мигранти за пари“.
Се потврди дека СДСМ е единствената вистинска опозициска партија која не е контролирана и која нема да дозволи да биде контролирана.
Ваква СДСМ, која го разобличува криминалното владеење на ВМРО и Мицкоски, нивната поврзаноста со криминални структури во регионот, но и со авторитативните режими е најголема закана за власта.
Нема пари во буџетот, недостасуваат 2 милијарди евра, нема пари за поголеми плати и пензии, економијата е во постјан пад, странските инвестиции си заминуваат.
Ги откривме сите нивни сценарија и планови, за намерната изолација на Македонија од ЕУ, за носење мигранти за пари, за контрола врз дел од медиумите, за нападатите врз СДСМ, за дефокус. Разоткриени се целосно, СДСМ им дише во врат.
Затоа токму во овој период, ВМРО активираше организирана и координирана операција за уривање на СДСМ одвнатре.
Оваа операција, поддржана и помогната од поединци- квислинзи внатре, од редовите на СДСМ, уценети или купени, поранешни функцинери, но и луѓе со нереални очекувања кои учествуваа и претходно во поделби на партијата, интензивно се спроведуваше пред Конгресот.
Сценаријата на така наречените „карирани стројници“ и „кафански конгреси“ не успеа. Сите заедно беа поразени.
Но, ВМРО не престанува. Преку различни емисии во кои се зборува за некакви мистични средби, тајна вечера, за луѓе од минатото на СДСМ, поранешни членови кои веќе и направија огромна штета на партијата со формирањето на ЗНАМ, за различни теории на заговор, странски влијанија, договарања и слично кои немаат никаква врска со реалноста.
Целта е да се внесе немир помеѓу членовите на СДСМ и да се создаде почва за ослабнување на партијата во клучни моменти.
Членовите на СДСМ знаат дека ВМРО подготвува ново движење кое треба да прерасне во нивна сателит партија во Македонија. Исто така знаат дека во тек се разговори и со други квислинзи од редовите на СДСМ, со финансиска помош од ВМРО, за создавање нови движења со кои треба да се збунат гласачите и да се намали поддршката на СДСМ.
На сите им е кристално јасно зошто се постојаните напади на СДСМ, обидите за рушење на партијата и црните кампањи.
Нашата порака е дека се прочитани. Нема да ви успее.
СДСМ е силен и ниту едно сценарио на ВМРО нема да помине.



