Соопштение за јавност
Груевски наивно мисли дека со нови лаги може да ги покрие скандалите коишто потврдија дека токму тој и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале изборен грабеж.
Граѓаните на Радовиш не му веруваат на Никола Груевски.
Индустриската зона во Радовиш, што Груевски ја вети пред 19 месеци до денес е празно земјиште со неколку ископани дупки.
Груевски ги излажа радовишани и за изградбата на нов градски трговски ценар. Нов трговски центар во Радовиш до денес нема.
Во населбата Куклевица во Радовиш Никола Груевски ветуваше изградба на нов покриен пазар. Нов покриен пазар досега требаше да биде завршен, а не е ниту почнат.
Ги нема ниту ветените 400 фирми со коишто Груевски се расфрлаше во 2013 година.
Го нема ниту Економскиот бизнис центар што виртуелно Груевски го ветуваше во 2013 година.
Груевски ветува и нови патишта, а за 10 години се изградија само 7 километри автопат.
Никола Груевски станува минато. Го чека соочување со граѓаните и одговорноста за целокупниот криминал во изминатите 10 години.
Доаѓаат промени на слободни, фер и демократски избори.
Скопје, 18.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА