fbpx

Отворен повик: Волонтирај во СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија објавува отворен повик за волонтирање чија цел е ангажирање на креативни, професионални, подготвени за тимска работа, високо мотивирани и трудољубиви лица, кои би биле вклучени во активностите на повеќе нивоа и сектори на централната партиската организација.

СДСМ ги повикува сите заинтересирани приврзаници и поддржувачи на социјалдемократијата како идеологија, членови и симпатизери активно да се вклучат во работата на СДСМ и креирањето на победничката политика на нашата партија. Добредојден е секој кој има желба и иницијатива за создавање на реални политики на партијата, а со тоа и визија за напредна државна политика.

Амбициозни луѓе од сите сфери на општественото живеење, овој повик е шанса за секој од Вас директно да учествува во реализација на своите соништа, носејќи подобро утре на сите нас.

Изборот ќе биде низ транспарентна и компетитивна постапка, отворен за сите без разлика на пол, вера или етничка припадност.

Ги повикуваме сите заинтересирани да се пријават и својата кратка биографија (CV и контакт телефон) да ја испратат ја на следниот e-mail: volonter.sdsm@sdsm.org.mk

Рокот за пријавување е најдоцна до 22.03.2016 год.

Сите Ваши прашања можете да ги поставите на e mail адресата за пријава: volonter.sdsm@sdsm.org.mk

 

Последни вести