Соопштение за јавност
Сега веќе и официјално граѓаните можат да видат како директно Алфа ТВ и Богдан Илиевски го бранат Орбан.
Поинаков и подиректен начин од ова не постои.
Како што кажавме, Петер Шац е сопственик на 99% од „CHS Invest Group“ со мнозинство удели во телевизијата Алфа ТВ. Заедно со Агнес Адамик, сопственичка на речиси 40% од порталите, дел од медиумската мрежа за промоција на анти-ЕУ кампањата, авторитарните идеи но и црна кампања против опозицијата и лажни вести.
По медиумите и телекомуникациите преку 4IG, сега го имаме и влегувањето на Орбан и во енергетскиот сектор во Македонија.
Ова е дел од поширок политичкиот проект на ВМРО за ширење на влијанието на Орбан со кое Македонија се изложува на странско мешање, дезинформации, и „нетранспарентни финансиски текови“ кои ја оддалечуваат земјата од ЕУ а ја приближуваат до авториратни режими и геополитичките цели на Русија.
Она што го говори СДСМ, се потврдува секој ден.



