Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски ги отстрани сите потпретседатели во ВМРО, по примерот на Вучиќ, апсолутно да владее и со партијата, како што сака да владее со Македонија.
Ги постави своите најблиски другари.
Томовски – за организациски секретар, со цел да ги „организира“ односно контролира тендерите.
Како оние 161 тендер за семејната фирма на Томовски.
Тука е и човекот на Сашо Мијалков од службите, очигледно за контакти со руските служби – Драган Ковачки.
Човекот кого НАТО го одби, кој не исполнува услови за сертификат, сега е првиот човек за Мицкоски во партијата.
ВМРО се враќа во времето кога службите беа главни во партијата додека се спроведува грабеж.
Покрај ова, негов најблизок соработник во Владата е вицепремиерот Стоилковиќ, човек со години во служба на БИА и во интерес на руските служби. Човек кој слави со Ноќните волци и странски анти-ЕУ пропагандисти.
Сега кругот е целосно затворен.
Медиумите се под целосна контрола преку Орбан, со преземање на телекомуникациите и енергетиката.
Го презеде МВР, Обвинителството и судовите.
Вели дека во мај–јуни ќе има реконструкција на владата за да постави уште некои свои луѓе кои му требаат.
Уздите ги стави во свои раце и продолжува со ограбувањето на државата во својот најтесен круг на пријатели. Буџетот одамна е во канџите.
Може да започне забрзување на процесот на целосна изолација од ЕУ.
Тоа се „реформите“ во ВМРО, наместо нови лица – стара банда.
